Го удрија по џебот! Цукерберг поради скандалот ќе мора да им плати на Британците половина милион фунти!

popara26 октомври, 20181min00
fb

Facebook е казнет поради кршење на законот за заштита на податоци.

Британскиот комесар за заштита на лични податоци ја казни американската компанија Фејсбук со 500.000 фунти ( 644.000 долари) поради скандалот со Кембриџ аналитика. Фејсбук е казнет поради прекршување на законот за заштита на податоците, бидејќи не и забрани на компанијата за анализа, Kембриџ аналитика, да дојде до информациите од профилите на корисниците на оваа социјална мрежа, објави Ројтерс.

Потврдувајќи ја изречената казна издадена во јули, од канцеларијата на комесарот објавија дека податоците од најмалку еден милион британски корисници  се најдоа меѓу податоците собрани од анализата на Кембриџ и биле користени за политички цели. Овој скандал ја загрози репутацијата на Фејсбук, а извршниот директор Марк Закерберг сведочеше во април во Конгресот на САД за корисничките податоци кои компанијата ги направи достапни за трети лица.

Фејсбук претходно изјави дека британската компанијата за аналитика „Кембриџ“, која го советуваше американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања во 2016 година, дошла до лични податоци на 87 милиони корисници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag