Стилот на Емили Ратајковски го обожаваме со години и навистина мислиме дека таа е една од ретките познати личности кои се осмелуваат да ризикуваат и експериментираат со своите модни избори, а речиси секогаш вреди, но тоа не беше случај со последната комбинација со која се појави на доделувањето на GQ Australia Men Of The Year Awards.
За оваа пригода, Емили одбра Paco Rabanne crop – top и долго здолниште во невообичаен хипи стил. Иако Емили уште еднаш не импресионираше со својата волшебна фигура, оваа комбинација на облека едноставно не функциоира.