Претставничката на врвниот гламур уште еднаш заблеска на црвениот тепих.
Претставничката на врвниот гламур уште еднаш заблеска на црвениот тепих. Меѓутоа, сигурни сме дека сите ние исто така би измамиле воздишки, доколку би имале можност да носиме една ваква креација.
Дали за добар стајлинг е потребна добра сума на пари?
Секој кој ја познава модата ќе ви каже дека тоа не е вистина, но од друга страна сигурно нема да ви наштети доколку имате голема сума на пари што можете да ги одвоите за фустан што ќе го носите на посакуваната свечена прилика.
Кога се прашање познатите личности, повеќето од нив не само што можат да си го овозможат луксузот да издвојат илјадници долари за едно парче облека, туку и истата таа сума на пари која би му ја платиле на стилистот за да избере што би било идеално за носење во одредена пригода.
Коктел фустанот со А крој, и ѕвонестиот долен дел се истакна со стотици блескави кристали – инаку рачно сошиени и прекрасните ракави во облик на ливчиња. Во гламурозната тоалета, Никол буквално блескаше, и како може да не блеска кога чини „безначајни“ 12.000 долари!