Три чаши од овој чај дневно помагаат при губење на тежината, особено на критичните точки како стомакот, бутовите и задникот.
Потребни состојки:
- Зелен чај
- Цимет
- Ловоров лист
Подготовка:
Варете 800 мл вода, отстранете ја од шпоретот, додадете едно стапче цимет, три ловорови листа и лажица сушен зелен чај. Покријте го и оставете го да одстои 15 минути, а потоа исцедете.
Кога е во прашање метаболизмот, важно е да знаете дека најдобро време за негово забрзување е рано наутро, веднаш по будењето. Првата чаша чај испијте ја на празен стомак. Втората испијте ја веднаш по појадокот, а третата пред спиење.
Првите резултати се видливи по седум дена.
Сите три состојки од овој пијалок во голема мера ги согоруваат маснотиите и го забрзуваат метаболизмот. Се подразбира дека секој обид за забрзување на метаболизмот и загубата на килограмите треба да биде придружена со избалансирана исхрана и умерена физичка активност.