Остави ја љубовта, враќај ги парите!

popara21 ноември, 20181min00
ppp

Поранешниот вереник на Парис Хилон тагува за пропаднатата веридба, но и за факот дека потроши два милиони долари за вереничкиот прстен.

Познатата старлета и наследничка, Парис Хилтон, ја раскина веридбата со актерот Крис Зилк, само неколку месеци откако беше објавено дека ќе се венчаат.

Зилк ја запроси Парис на зимување на почетокот на годината и тоа со прстен од 2 милиони долари, а сега затоа што нивната веридба не успеа … тој го бара прстенот назад!

Порталот TMZ пишува дека Парис Хилтон сè уште не му го вратила вереничкиот прстен на актерот, но дека сигурно ќе го стори тоа. Причината не е почитување и фер однос, туку закон!

Според законот во Калифорнија, лицето кое ја раскинува веридбата е обврзано да го врати вереничкиот прстен и пријателите на Крис Зилк откриваат дека Парис е таа што се премислила и дека актерот навистина ги сака неговите два милиони назад.

А кој не би ги сакал?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag