
Гломазните жолти зимски чизми на врзување во деведесеттите станаа легендарно модно парче, благодарение на хип-хоп ѕвездите, кои ги носеа лабави и неврзани, одлично се вклопуваа во нивното модно изразување. По хип-хоперите беа прифатени од сите останати. Тие денес се уште се носат и не само во жолта боја, а честопати можат да се видат на нозете на големите ѕвезди. Најголемите обожавателки се Џенифер Лопез и Ријана, Гвен Стефани која ги сака црвените, додека Кара Делевињ и Каја Гербер ги носат и во лето. Како ова изгледа ќе дознаете од нашата галерија!
