
Неколку недели пред свадбата, идната невеста доживеа шок кога го запозна таткото на нејзиниот вереник.
Таа сфати дека веќе го познава и дека во една пригода, пред да го запознае нејзиниот вереник Тони, со неговиот татко Мартин имала „пијан“ секс за една ноќ, пишува “Дејли мејл”.
– Тоа се случи пред неколку години, пред да го запознаам мојот свршеник. Во тој период претпочитав постари мажи – раскажа таа. За време на средбата и официјалното запознавање таа забележа дека идниот свекор, кој по разводот со мајката на Тони поголемиот дел од своето време го поминувал пловејќи со својата јахта, ја препозна.
– По неговото лице забележав дека ме препозна. Брзо се насмевнав, му дадов рака и реков дека ми е драго што конечно го запознавам, бидејќи Тони ми раскажа многу за него “, открива таа.
За среќа, Мартин и неговата многу помлада партнерка Марни многу брзо го продолжија нивното патување.Тони и неговата сопруга во моментов се четири години во брак, и ниту таа, ниту нејзиниот свекор никогаш на никој не кажаа за ноќта што ја поминале заедно.
– Тој ни доаѓа еднаш годишно на посета. Пристојно се насмевнувам во негово присуство, но тоа е мала цена за криење на ваква тајна – заклучи таа.