Кокаинот му донесе живот од соништата.
Хоакин Ел Чапо Гузман, лидерот на картелот кој сега го судат, бил толку богат што имал своја приватна зоолошка градина и куќа на плажа вредна 10 милиони долари, редовно патувал во Швајцарија на третмани за подмладување.
Сето ова излезе на виделина од сведочењето на поранешен член на картелот, а сега пред обвинителството сведочи Мигел Анхел Мартинез.
Мартинез рече дека богатството се акумулирало по „бумот со кокаин“ од деведесеттите години.
– Имаше куќа на секоја плажа. Имаше ранч во секоја држава – изјави за судот некогаш блискиот соработник на Ел Чапо.
Потоа опиша како картелот Синалоа шверцувал кокаин преку таен тунел и бил скриен во разни стоки, како на пример во конзерви за чили пиперки. Преку истиот тунел, назад пристигнувало изобилсвото на пари.
Тунелот завршувал во Тихуана, каде што Ел Чапо испраќал три приватни авиони за да ги земат парите. Во секој од нив имало по 10 милиони долари.
Картелот криеше пари во куќите, а дел од нив во мексиканските банки, каде што работниците беа подмитувани за да ги конвертираат доларите во пезоси.
Ел Чапо патувал со приватен авион насекаде низ Мексико, а во Акапулко имал вила во вредност од 10 милиони евра, со зоолошка градина која се обиколувала со помош на мал воз. Тој, исто така, имал свое пристаниште за јахти кој го нарекол Чапито.
Во неговите трошоци секогаш биле вклучени „четири или пет жени“, било кажано во судот додека сопругата на Ел Чапо се слушала.
Лидерот на картелот сакал да патува и во Макао за да се коцка, или во Швајцарија на третмани за подмладување.
Ел Чаповиот рај стана пекол кога ривалскиот картел се обиде да го убие. Наместо тоа, тој уби католички кардинал, и со тоа ги разбесни Мексиканците. Тој беше уапсен пред да успее да избега во Ел Салвадор, а потоа е префрлен во САД. Одбраната на Ел Чапо тврдеше дека Мартинез не бил сигурен сведок, бидејќи навиката за кокаин што ја развил додека работел за картелот го пореметил неговиот ум. Мартинез призна дека шмркал до 4 грама дневно, но дека е чист веќе 20 години.