Дали сте го пробале ова необично тренди парче?
Храбрите трендсетерки уште во летните месеци почнаа да носат кожни шорцеви и здолништа , а овој тренд само што започна да се развива. Иако ни се чини дека кожата не е најдобриот избор за лето или зима, туку само за преодните периоди, во актуелната понуда пронајдовме кожни варијанти на речиси сите облеки – од јакна, кошула и панталони до здолништа и фустани.
Оваа сезона кожните фустани добија посебно внимание од светските трендсетерки. Од кратки и долги, до оние на преклопување и закопчување, а како ги носат откријте во продолжение.