Совети и трикови од познатите beauty мајстори.
Доколку со вашиот обид да направите smokey cat eyes сте придонеле да изгледате уморно и по малку како панда, можеби ќе ви помогнат некои од советите на познатите блогерки. Ви претставуваме видеа со упатства на некои од најпознатите мајстори за убавина.
Fenty Beauty
Познатиот Fenty make – up артист, Хектор Еспинал, сака да прави толку многу драматични smokey eye изгледи кои можат да се комбинираат само со црн кармин.
Jaclyn Hill
Ако сте потполно неталентирани, ова видео може да ви помогне. Хил со причина го нарече ова видео „smokеy cat eye for dummies“.
Lisa Eldridge
Eldridge се потпира врз козметичките производи на Armani i Chanel, но сличен резултат може да се постигне со поевтини производи.
Teni Panosian
Во упатството на Panosian за cat eyes е дефинирана класичната линија со умерена употреба на кафеави сенки за очи.