Меган Маркл ја додели наградата за дизајнер на годината.
Прекрасна војвотка на големо изненадување на сите присутни, беше специјалена гостинка на „British Fashion Awards“ што се одржа во Лондон.
Меган Маркл беше поканета да ја додели наградата за дизајнер на годината, која овој пат и припадна на дизајнерката на кралската венчаница Clare Waight Keller. Дизајнерската куќа Givenchy и се заблагодари на Меган Маркл за неверојатното искуство во кое имаа можност да ја запознаат.
Секогаш елегантната Меган носеше кадифен црн фустан од Givenchy во кој изгледаше прекрасно.