
Побаравме инспирација за зимска деловна облека.
Бизнис гардеробата може да биде вистински предизвик во зимските денови кога повеќе би сакале да излезете во пижами и да ја облечете најтоплата пуфер јакна, но исто така и деловните комбинации можат да бидат истовремено елегантни, функционални, слоевити и прилагодени на ниските температури.
Црно од глава до пети е секогаш најбезбедната опција, но нашите омилени трендсетерки нè воодушевија со некои необични комбинации кои совршено би функционирале во деловното опкружување. Кремастите и бели одела се одличен тренд оваа сезона, а можете да ги носите со класичен црн капут, а најхрабрите можат да се одлучат и за бел капут.
Земјените и портокаловите тонови исто така се многу популарни, а се доволно суптилни за да функционираат во деловни комбинации, а исто така има и сомотски одела кои се удобни, топли и елегантни.
Во продолжение откријте некои од најдобрите комбинации и инспирирајте се за зимско деловно облекување.
https://www.instagram.com/p/Brh9FglFz8z/?utm_source=ig_embed