Ријана на суд со сопствениот татко: Се обиде да заработи на заедничкото презиме?

popara17 јануари, 20191min00
рири 0

Таа сака нејзиното име да биде заштитено.

Познатата пејачка Ријана одлучи да го тужи таткото Роналд Фенти бидејќи нивното презиме го искористил за деловни цели. Имено, Роналд неодамна отворил фирма наречена „Fenty“, што на Ријана ни малку не и се допадна, бидејќи тоа име таа го заштити откако ја отвори својата козметичка компанија „Fenty Beauty“.

Таа и нејзиниот тим неколку пати му испратиле молба да го промени името, но бидејќи тоа не се случило, тие одлучија да го решат случајот на суд.

Во приложените документите во судот, пејачката тврди дека нејзиниот татко го користи нејзиното име за да заработи милиони долари, вклучувајќи и дека без нејзина потврда и одобрување тој букирал 15 настапи во Јужна Америка за 15 милиони долари. Односот на ќерката и таткото одамна е нестабилен, за кој пејачката честопати зборуваше јавно.

За време на гостувањето кај Опра, Ријана откри дека Роналд бил поранешен зависник од кокаин, алкохоличар и насилник и дека имала тешко детство гледајќи го насилството на нејзиниот татко врз нејзината мајка.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1779&v=EnBXZC9yhtY

Тие двајца последен пат се виделе минатото лето на Барбадос на прославата на 90-тиот роденден на нејзиниот дедо, каде што се собрало целото семејство.