Хакирајте го „Тесла модел 3“ и возете го дома

popara18 јануари, 20191min00
ауто

Еве како.

Ако ја пробиете заштитата на Firefox и Chrome, можете да добиете $40,000- $80,000.

Тринаесетата по ред Pwn2Own конференција за прв пат ќе биде домаќин на еден автомобил.

Овој најпознат хакерски собир во светот досега им понуди на учесниците да пробијат разни видови на хардвер и софтвер, како што се интернет прелистувачи, виртуелни машини, телефони …

Правилата се едноставни – она на што ќе ја пробиете заштитата може да биде ваше.

Со тоа што наградите за хакирање на софтверот најчесто се парични.

Сега конференцијата доби нова категорија – автомобили, или автомобилска технологија.

„Наградниот фонд“ во овој сегмент изнесува повеќе од 900.000 долари, а учесниците ќе имаат можност да го пробијат автопилотот, разни интерконекции помеѓу погонот, шасијата и други компоненти кои разменуваат податоци.

Програмерите кои ќе го пробијат “Tesla Model 3” со хакирање на клучот или паметниот телефон ќе добијат награда од 100.000 долари, а ако успеат да навлезат во инфо-забавниот систем, ќе добијат награда од 35.000 до 85.000 долари.

За хакирање на WiFi или Bluetooth модули се добиваат 60.000 долари.

„Моделот 3“, вреден 44.000 долари, ќе го добие еден учесник во автомобилската категорија.

Покрај автомобилите, се очекува да се натпреваруваат и во други категории, а особено ќе бидат наградени оние кои ќе навлезат во виртуелните машини и интернет пребарувачи.

Така, Firefox спреми 40.000, а Хром 80.000 долари за најуспешните.

Pwn2Own ќе се одржи во Ванкувер од 20-22. март.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag