Викаше „имам бомба во багажот“ и се тепаше со обезбедувањето!
Манекенот Мајлс Броксман Ричи беше уапсен на аеродромот во Лондон, откако направи сцена и го нападна обезбедувањето.
Ричи (24) се расправал со вработените, бидејќи дошол предоцна за да се пријави на летот, а потоа почнал да вика дека има бомба во багажот и ќе ја активира ако не го пуштат во авионот.
Обезбедувањето притрчало при што тој нападнал еден од нив, а потоа бил уапсен. Татко му на Мајлс е познатиот пејач Лajонел Ричи.
На Мајлс, на изненадување, само му е напишана казна за „давање лажни информации“.
Лајонел Ричи и неговата втора сопруга, Дајен Александер, го имаат Мајлс и Софија (20), додека со првата сопруга, ја посвоил Никол Ричи, ќерката на член од неговиот бенд, и ја подигна како свое дете.