Во новиот видео запис – само девојки!

popara22 јануари, 20191min00
arijana-2

Американската пејача објави видео запис за новата песна, а во видеото – девојки, шампањ и се во розева боја.

Пејачката Аријана Гранде издаде спот за синглот од новиот албум “Thank U, Next” насловен “7 Rings”.

Насловот на песната веројатно се должи на ситуацијата кога Аријана ја раскина веридбата со комедијантот Пит Дејвидсон, а потоа ги однесе шестте најблиски пријателки на шопинг каде што им купи на сите по еден веренички дијамантски прстен (вклучувајќи ја и самата себеси).

Песната е опишана како „химна за жени“, а оттука и само девојки во новиот розов спот на пејачката.

Во песната ќе слушнете серија на работи кои пејачката ги сака и кои ги купила или ќе ги купи за себе. “I want it, I got it”, повторува таа во рефренот. ”

Погледнете го видеото и слушајте ја песната!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *