
Едно лице е во критична состојба, додека три лица се со полесни повреди.
Спасувачките екипи спасија чеворица скијачи кои во вторникот беа затрупани од лавина, во швајцарското скијачко одморалиште Кран Монтана.
Едно лице е во критична состојба, додека три лица се со полесни повреди, изјави кантоналната полиција Вала на нивниот Twitter профил. Лавината се протегала на околу 840 метри во должина и ширина околу 100 метри.



Порастот на температурите во изминатата недела, придонесоа до топење на снегот, по што беше предизвикана и лавината.