
Што ќе кажете за новата фризура на Kylie?
Иако се чини дека не постои боја или должина на коса што Kylie Jenner не ја пробала, таа секогаш нè изненадува со нова промена. По сребрената боб фризура и долгата пастелно сина коса, на ред дојде и кратката платинеста-фризура.
За потребите на снимањето на насловната страница на списанието „Paper“, Kylie целосно се трансформала и се претворила во дама од 80-тите години. Одела, сатен и светки совршено се вклопуваат со новата pixie фризура, но мора да признаеме дека Кајли навистина изгледа непрепознатливo и значително постара со оваа фризура. Иако се радуваме на секоја нова промена, Kylie сѐ уште ни е најдрага со природната темна коса.