Поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, откри дека пораснала во религиозно семејство и дека нејзините родители не ја прифатиле најдобро веста дека има емоции кон истиот пол. – Доаѓам од Остин во Тексас, јас сум порасната во религиозно семејство. Да се биде лезбејка, атеист, вегетаријанец, не доаѓаше во предвид. Кога им кажав на родителите дека сум среќно вљубена во жена, тие почнаа да плачат “, рече 32-годишната актерка која зборуваше за „Making Change On & Off the Screen“.
Тие не знаеја како да се справат со тоа, но поминавме голем пат. Ставовите и срцата се менуваат – и истакна дека нејзините родители на крајот ја прифатиле како бисексуалка.