
Ed Sheeran (28), едно од најголемите имиња на светската музичка сцена, откри дека бил малтретиран во училиште. Тогаш бил низок, имал портокалова коса, носел очила, а неговите врсници често го провоцирале.
Sheeran смета дека токму оваа разлика му донела успех и дека луѓето го паметат само затоа што е чуден и поразличен.
Некогаш плачев кога си доаѓав од училиште. Мразев да одам во основно училиште. Кога почнав во средно и почнав да свирам гитара во бенд, добив самодоверба и бев посреќен затоа што направив нешто во што бев многу добар “, рече музичарот.