
Хајли Болдвин и сопругот Џастин Бибер не се шегуваат со најновата објава. На неговиот Instagram, Џастин откри дека младенците го очекуваат своето прво дете. Фановите останаа шокирани.
Но, не смееме да заборавиме дека вчера беше први април, денот на шегата, што изгледа дека го забележаа и неговите обожаватели и одлучија ова да го прифатат како шега.
Џастин одлучи да објави мистериозна фотографија од ултразвукот на бебето без никаков коментар, што ги поттикна неговите обожаватели да веруваат дека сликата веројатно е измама. Но, потоа Џастин ја објави следната фотографија, која сепак ги натера да се посомневаат дека би можеби сепак е вистина.
И тоа би било тоа, ако на приказната тука беше крајот. Пејачот потоа објави трета фотографија со која потврди дека станува збор само за шега за први април. Хајли не е бремена.