Beyoncé, на социјалните мрежи, најави нова соработка, креативно партнерство со Adidas.
Поп-ѕвездата рече дека планира да креира и развива нови колекции на обувки и облека за овој бренд, пренесува AP.
Beyoncé, исто така, планира повторно да ја започне својата линија на спортска облека „IVY Park“ со Adidas.
Американскaтa пејачка која освои Греми изјави дека таа и „Adidas“ ја делат филозофијата за бизнисот и на прво место ја ставаат креативноста, растот и општествената одговорност. Таа, исто така, оваа соработка ја нарече „партнерство за цел живот“.