
Кога пред две години, Џастин Бибер го прегази фотографот кој се обиде да го фотографира, повредениот беше полн со разбирање за тинејџерската ѕвезда.
-Здраво на сите. Џастин Бибер ме прегази, зарем тоа не е нешто? Тој е добро момче. Мислам дека камионетот беше малку преголем за него, бидејќи не постоеше начин да гледа пред него. Како што реков, тој излезе да ми помогне, тој беше сочувствителен, тој е добро момче, несреќи се случуваат. За среќа, сè заврши добро. Излегов од болницата, изјави тогаш Морис Ламон, кој се откажа од тужбата.
Сепак, тој сега се предомисли и во документите што ги предаде на судот изјави дека поради пејачот тој станал инвалид.
– Станав инвалид поради него. Емоционално сум оштетен и барам надомест, рече фотографот.