Одлучија да се преселат на другиот крај на светот: Принцот Хари и Маган Маркл донесоа драстична одлука!
Војводата и војвотката од Сасекс, Принцот Хари и Меган Маркл во моментов се соочуваат со две големи промени во животот – се навикнуваат на новиот дом во кој неодамна се преселија и секој ден се очекува да станат родители, за што јавноста ќе дознае кога Меган и Хари ќе одлучат дека е време.
Иако мислеа дека периодот што следи ќе биде мирен за нив, се чини дека им претстојат уште поголеми промени и предизвици- како што пишува Daily Mail, кралицата Елизабета планира да ја искористи огромната популарност на нејзиниот внук и неговата сопруга за нешто благородно. Станува збор за хуманитарна работа во организацијата Комонвелт, каде што задачата на Хари и Меган ќе биде да го привлечат вниманието кон многу важни работи и проблеми, и тоа во Африка.
Иако планот се води како таен, овие детали на јавноста и ги откри поранешниот секретар на кралицата Елизабета, Лорд Гејтс, кој моментално ја извршува функцијата како британски амбасадор во Америка.
Локацијата каде што ќе престојува кралската двојка во Африка за сега не е позната, а многумина веруваат дека овој континент е избран за неколку причини – Хари таму помина многу време во детството, во Африка се вљуби во Меган, таму беа на нивното прво заедничко патување, го прославија 37-от роденден на војвотката, а во Боцвана, вљубениот принц го купи свадбениот прстен за неговата драга.
Кралската палата се уште не потврди ниту еден од овие наводи, па затоа на нас ни останува да почекаме и да видиме.