Често се вели дека романтиката изумрела и дека повеќе нема вистинска љубов во ова време на социјалните мрежи и инстант задоволства.
Веројатно поради тоа нѐ воодушевуваат некои стромодни примери на искажување љубов, оние работи кои порано беа нормални.
Пред неколку дена, една врнежлива ноќ во Белград, прекрасен пар, игнорирајќи го дождот, танцуваше на Ада Циганлија.
И покрај тоа што беа мокри до кожа, не се испуштаа еден со друг од прегратки, следејќи ја мелодијата која ги исполнуваше.
Се разбира, некој сето ова го снимил со мобилен телефон и го објави на социјалните мрежи, а реакциите беа многу позитивни. Луѓето се прашуваа дали ова видео е всушност вистинската љубов за која сите толку многу копнееме.