Актерката Гвендолин Кристи, која ја игра Бриен од Тарт во серијата „Game Of Thrones“, во оваа популарна телевизиска серија се соблече само еднаш, но не до крај. Затоа нејзините обожаватели беа изненадени кога оваа 40-годишна актерка објави фотографија на нејзиниот Instagram профил за која таа се соблече гола и е обвиткана само со наметка.
На импресивните коментари им немаше крај. „Гвен, во својот следен живот сакам да сум ти”, “wow!”, “Друга, ве молам,” “вистинска кралица”, беа некои од комплиментите.
Оваа британска актерка пред глумата се занимавала со гимнастика, но откако се здобила со повреди на ‘рбетот одговорила на актерскиот повик, а некое време се занимавала и со манекенство. Од 2013. година е во врска со 50-годишниот британски моден дизајнер Џилс Диакон.