Супермоделот и музичар се неразделни.
Супермоделот Хајди Клум (45) и нејзиниот свршеник, музичар Том Каулиќ (29), почнаа да се забавуваат во март минатата година, а се верија на Бадник.
А, за да му покажат на светот дека се заљубени, објавија романтична слика од бакнежот на Instagram.
Парот во моментов е во Берлин, каде што Хајди го очекува финалето од “Next Top Model”, а бендот на Том, Токио хотел, има настап.
„Време е за шоуто на Токио Хотел! БЕРЛИН“, напиша Хајди во описот на сликата каде што го прегрна вереникот околу половината, а тој ја бакна.
Парот во Берлин е придружуван од децата на Хајди – Лу (9), Хенри (14), Јохан (12) и Хелена (15).