Шеширот не е само за сончање на плажа, туку може да биде најубав детаљ со сите летни комбинации.
Сламените шeшири беа и останаа неопходен летен детаљ, без кој не само што не одиме на плажа, туку би го носеле во сите можни прилики и секогаш кога ќе ни одговара на стајлингот.
И зошто да не?! Шеширот не е само додаток за песок и море, тоа е всушност најубавиот детаљ кој ја комплетира секоја комбинација.
Бројни модни блогерки не убедија дека сламените шешири се носат во сите прилики и се вклопуваат во елегантниот outfit.
Значи, можете да ги носите со лесни летни фустани, здолништа, топови и големи кошули.
Подолу се наоѓаат 8 шик комбинации кои можат да послужат како одлична инспирација: