Мексиканските архолози спуштиле мала камера во досега не истражуваната гробница на маите во Паленке, на југот на Мексико. Тие откриле недопрена гробница полна со вотивни подароци и црвени мурали.
Како што пренесува АР, снимката од 1500 старата гробница покажала низа од девет фигури насликани на јако црвена позадина, како и вазни, украси од жад кои се наоѓаат на подот на гробницата.
Националниот институт за антропологија и историја сопштил дека археолозите знаеле за постоењето на гробницата уште од 1999 година, но дека неможеле да влезат во неа бидејќи пирамидата која е над неа е доста нестабилна, а смиот влез во гробницата може да ги уништи муралите.