За Keanu Reeves, велaт дека е културен, пристоен, воспитан и многу внимателен кога е публиката во прашање. Затоа фановите го обожаваат. Особено жените. Затоа нив ќе ги израдува информацијата дека актерот во моментов е сам и дека би сакал да се заљуби. Имено, во едно неодамнешно интервју, Keanu Reeves зборуваше за третото продолжение на „John Wick“, а исто така, одговори на некои поинтимни прашања од страна на новинарите.
Едно од овие прашања беше поврзано со неговиот љубовен живот, а актерот истакна дека во последно време се чувствува осамен, но дека тоа не му претставува проблем, бидејќи е оптимист, објави Б92.
– Не сум во врска и немам љубов. Но, ако тоа се случи, јас ќе ја сакам и почитувам таа личност. Се надевам дека љубовта наскоро ќе се случи, рече Keanu Reeves. Во продолжение на интервјуто, тој зборуваше за тоа како не се смета за посебен.
– Јас сум актер, постојано ме следат папараците. Но, покрај тоа, не излегувам многу и не правам многу работи. Јас сум прилично здодевен, рече тој.
Тој кажа дека понекогаш му пречи што е познат и додаде дека се чувствува како животно во кафез, но дека во Лос Анџелес никој не се грижи за тоа. За него велат дека е антипатична холивудска ѕвезда, а во медиумите не се појавува без посебна причина.