Кортни Кардашијан (40) изгледа дека има големо срце штом реши и по трет пат да му прости и да се врати кај своето поранешно деветнаесетгодини помладо момче, Јунс Бенџамин. Кортни и поранешниот боксер се фотографирани во Лос Анџелес како пристигнуваат во истиот елитен ресторан.
Странските медиуми наведуваат дека двајцата дошле одделно и дека средбата всушност била случајна. Кортни се дружела со пријателите, а нејзиниот поранешен се појавил во истиот ресторан за да вечера со пријател.
Додека некои веруваат дека средбата била навистина случајна, други тврдат дека двајцата се повторно вљубени.
Потсетуваме дека Кортни исто така му прости на Скот Дисик (со кого има три деца), неколку пати, и се чини дека истото го прави и со младиот Алжирец, со кого се расправаше околу нејзините коментари на Instagram.
Имено, откако објави гола фотографија, љубоморниот Јунс остави коментар: – Што ти требаше да се соблекуваш?!
Следеше раскинување, а сега се чини и смирување по трет пат.