Популарниот пејач Ед Ширан (28) ги шокираше фановите ширум светот со неговата одлука.
Иако тој има направено огромно богатство од музиката и оваа година се наоѓа на 17-тото место на најбогатите британски музичари, тој одлучи да се повлече во привремена пензија. Ширан се повлекува за да помине повеќе време со сопругата Шери Сиборн, пренесува Miror.
– Како што знаете, или не знаете, последните две години бев на турнеја и ова е последниот ден во целата оваа приказна. Има тука нешто горко-слатко. Сакам што вие сте тука, но ова е мојата последна свирка сигурно барем наредните 18 месеци – рече Ширан на неговиот последен концерт и со солзи во очите додаде:
– Се гледаме за неколку години.