Пронајдено е теле на пасиштата во Аргентина. Фармерите беа шокирани со неговиот изглед, а изгледа дека телето пати од генетска мутација.
Телото има мал нос и уста и личи на човечко суштество, а роденo e во селото Вила Ана, во северната аргентинска провинција Санта Фе.
Сепак, според извештаите, мутантното теле живеело само неколку часа. Видеото од телето кое е снимено од неименуван фармер, беше споделено на You Tube каде е прегледано 274.000 пати. На снимката е прикажано телеto како лежи на тревата со своето необично лице што локалното население го опиша како „човечко“.