
Убавата актерка позираше на плажа, без трошка шминка, но наиде на некои негативни реакции.
Убавата актерка Салма Хајек често се огласува на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 14 милиони корисници. Бидејќи оваа актерка се смета за една од најубавите во светот, не е ни чудо што нејзините објави привлекуваат големо внимание.
Овој пат, таа прикажа природно, едноставно, издание без шминка, па наиде на спротивставени реакции на фановите.
– „Премногу ботокс! Не ти треба, Салма“, е еден од коментарите.
Сепак, Салма, која не се огласува често во коментарите, мораше да одговори:
– Немам ботокс, но благодарам за советот, баш помислив дека е време – не му остана должна ниту Хајек.

