Елтон Џон и Џорџ Мајкл се смирија после седум години кавга. Тие биле блиски пријатели, особено во преиодот кога го направија дуетот “ Don’t let the Sun Go Down On me “ . Оделе на заеднички турени, се дружеле приватно се до 2004 година. Тогаш Елтон дал изјава во која вели дека Џорџ се повеќе не личи на себе. Тоа било во периодот кога името на Џорџ се повеќе се споменувало во скандали со секс и дрога.
Од неговата изјава Џорџ бил многу повреден, и тие не разговарале цели седум години. Но, сега се повторно блиски. На организираниот хуманитарен бал, кој го организира Елтон заедно со неговиот партнер Давид, дошол и Џорџ. Од тогаш кавгите се заборавиле.