Во кои земји полицискиот час трае 24/7? Не чека ли нас тоа?

1 април, 20200
policiski-cas

Сите земји во светот превземаа вонредни мерки во борба против корона вирусот, единствената разлика е во забраната за движење.  

Во Србија за сега е на сила забраната на движење во периодот помеѓу 17 часот до 5 часот наутро, а во тек на викендот  од 15 часот до 5 часот наутро. Претседателот на Србија Алксандар Вучич најави дена во тек на наредните дена ќе донесе одлука за 24 часовна забрана на движење, во зависност од тоа како ќе се движи бројот на новозаболени од корона вирусот и колку граѓаните  ќе се придржуваат  на постоечките мерки за заштита. Во тек на денешниот ден, здравствените работници демонстративно  ја напуштиле редовната конференција за новинари, порачувајќи и на јавноста дека несериозно ја сватиле  озбилноста  на состојбата и предупредиле дека, ако продолжат со такво однесување, бројот на жртви  би можел да биде многу поголем.

Во повеќето земји е скратено работното време на маркетите, затворени се кафичите и рестораните, забрането е собирање на повеќе луѓе на едно место и е препорачано да се држи растојание помеѓу луѓето еден до два метри.

Во многу земји е забрането движење помеѓу градовите, односно напуштање на местото на живеење, а во некои од нив е воведено задолжително носење на заштитни маски на јавните места. Воглавно е редуциран  јавниот превоз, а препораката е, сепак, доколку е можно, да се остане дома. Затворени се градинките, училиштата и факултетите.  Воведени се високи казни за сите кои не ги почитуваа мерките, особено оние за самоизолација.

Каде е забрането движењто 24 часа ?

Првата ваква  мерка е воведена во Италија на 25 Февруари. Но  и покрај мерката,  луѓето сеуште неограничено се движеле.  На  9 Март,  воведена е   ригорозна забрана и контрола, а на населението му е дозволено, само еден член на семејството да оди до маркет, само во траење на еден час. Исто така,  дозволена е прошетка на милениче до 200 метри од живеалиштето.

Населението се прати преку дронови  и движењето е максимално ограничено, само  со  претходно пополнети дозволи достапни на интернет”, известува од Милано новинарката Татјана Ѓорѓевич Симич.

Во Шпанија е воведена вонредна состојба еден ден пред Србија, а на сила е забраната за движење во тек на 24 часа, каде исто така, движењето е возможно со претходно издадена дозвола и соодветна заштита со маски и ракавици.  Децата не смеат воопшто да излегуваат од дома. Укинат е градскиот сообраќај, има забрана за движење на автомобили и насекаде се присутни  полициски патроли, известува Сташа Џурич кој живее во близина на Барселона. Тој смета дека државата релативно добро се справува со новонастанатата состојба, но и дека населението е одговорно и ги почитува воведените мерки  (пред маркетите и аптеките, кои работат само неколку часа на ден  има соодветен ред и растојание, со задолжителна дезинфекција на секој поединец).  

Слични мерки се воведени и во Грција, а казната за непочитување за соодветно движење изнесува 150 евра. Грција сосема ја скрати слободата за движење, сметајќи дека наредните две недели ќе ја покажат динамиката на развој на вирусот, како и контолата врз состојбата, изјавува жителка на Грција.

Во Индија од 25 Март на сила е забрана за комплетно движење во тек на 24 часа, во траење од  21 ден.  Истата состојба е во Непал, во  неколку провинции во  Пакистан и  во Колумбија, каде има забрана за движење на луѓе до 70 години, кое ќе трае се до Мај.

Во Хондурас е воведена потполна забрана за движење во траење од 7 дена и се суспендирани некои со устав загарантирани права на граѓаните.  

Аргентина е во карантин од 21 Март, полицијата патролира по улиците, а граѓаните смеат да ги напуштат домовите само заради неопходни потреби. 

Јордан од 21 Март е во целосен карантин, со казна за до една година затвор, за секој кој ќе го напушти домот.

Нов Зеланд од 25 Март воведе комплетна забрана за движење во тек на еден месец.

Каде е прогласен политички час ?

Од земјите во регионот, полициски час е воведен во Босна и Херцеговина, во период од 20 до 05 часот.

Ограничено движење е доведено и во Косово, од 17 до 06 часот.

Во Црна Гора движењето е забрането од 19 до 05 часот во работни денови, а во тек на викендот од 13 до 05 часот.

Во Шри Ланка полицискиот час трае од 18 до 06. Во Парагвај и Еквадор од 20 часот. Полициски час има и во Хаити и Чиле (од 22 до 05 часот)

Гана на 30 Март, потполно ги затвори најголемите градови Акру и Кумаси. На граѓаните им е дозволено само да одат во маркети за храна, бензиски станици, банки и јавни тоалети. Погребите се придружувани од полиција или војска.

Обалата на Слонова коска (со само 92 заболени), прогласи вонредна состојба. Забранети се патувања од главниот град Абиџан кон останатите делови на земјата, каде медицинските ресури се строго ограничени. Воведен е полициски час од 21 до 05 часот.

Мали (со 9 заболени) и Буркина Фасо (со 180 заболени), исто така воведоа полициски час во целата земја. Дури и Сиера Леоне (каде нема заболени) прогласи вонредна состојба и ги затвори своите копнени граници према соседите Гвинеја и Либериј (каде има неколку заболени).

Сенегал и Јужна Африка на 24 Март воведоа полициски час, кој во Ј.А. ќе трае 21 ден.

Во Сенегал се забранети собири и демонстрации, затворени се јавните простори, а полицискиот час е на сила од 20 до 06 часот. Превозот пемеѓу градовите е ограничен, а по потреба ќе биде комплетно забранет.

Од друга страна, во главниот град на Јужна Африка, Јоханесбург, сеуште се отворени берзата, продавниците, аптеките, банките и бензиските пумпи.

Во Кенија, исто така на сила е полициски час во тек на ноќта, што предизвика големи немири во Најроби, а истите се најавени и во Судан и Мауританија.

Во Тунис е на сила забрана за движење од 18 до 06 часот, а војската патролира по улиците.

Во Саудијска Арабија  од 25 Март е потполно ограничено движењето во Ријаду, Мека и Медина, а од 29 Март и во Џада. Во Кувајт е на снага полициски час од 17 до 04 часот.

Каде сеуште нема забрана за движење ?  

Во Хрватска и Словенија сеуште нема воведена забрана за движење, ниту полициски час заради корона вирусот, но постои забрана за движење помеѓу градови и општини.

Полициски час немаат воведено ниту Турција (Анкара), Тајван, Германија, Холандија, Австрија, Швајцарија,  Норвешка, САД, Чешка, Канада, Австралија…

Во Германија, граѓаните се само замолени да се движат што помалку, што се почитува. Доколку се наложи потреба, ќе бидат воведени построги мерки. Исто така, нема забрана за движење за постари од 65 години, за кои е предвидено снабдување на храна и лекови од волонтери. Луѓето се замолени да не се движат во поголеми групи и да одржуваат соодветно растојание помеѓу себе, што за сега добро функционира, изјавуваат граѓани на Германија.

“Овде, во мојата провинција (Онтарио), на сила е поблага вонредна состојба , исто и во градот Отава. Групирањето е ограничено на 5-6 луѓе. Наставата во училиштата  функционира  преку интернет мрежата. Работат само основните сервиси. Границите спрема САД се отворени само во специјални случаи и за транспорт на роба”, известува Игор Сопич, жител на Отава, Канада.

Во САД, како што дознавме, полициски час постои единствено во Флорида, каде е забрането движење од 20 до 05 часот.

“Во Њујорк работи  само полицијата, војската, маркетита и јавниот превоз. Се останато е затворено. Многу жители го напуштиле градот. Иако нема забрана на движење, улиците се скоро празни“, изјавува Саша Јоцич, кој со своето семејство живее во Њујорк.

Во Чешка, пензионерите можат да излегуваат преку целиот ден, но во маркетите можат да пазарат само наутро од 08 до 10 часот, по потреба и во тек на денот.

Во Австрија важи мерката за задолжително носење на заштитни маски.

Во Москва, од  30 Март е воведен општ режим за самоизолација, независно од возраст. Нема ограничување за влез и излез од градовите. Наредната недела е прогласена за неработна. Австралија објави дека јавните собири ќе бидат ограничени на две особи, во однос на досегашните десет. Усвоен е шестомесечен мораториум на иселување на оние кои не можат да ја платат станарината, како најнови мерки за соочување со пандемијата на корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi