Британскиот актер Даниел Крег, познат по улогата во славниот 007, во тајност се ожени со својата партнерка Рејчел Веиз.
Според странските медиуми, актерот и неговата избраничка тајно се венчале минатата среда во Њујорк. На венчавката присуствувале само ќерката на Даниел, Ела, 18, и пет годишниот син на Рејчел, Хенри и двајца нивни пријатели.
Тие се лудо вљубени и одлично се чувствуваат кога се заедно, за тајната венчавка инсистираа и двајцата, изјавил близок извор на парот.