Шерил Кол наспроти сите сепак се реши да му се врати на поранешниот сопруг, Ешли Кол. Нејзиното семејство и блиски пријатели бурно реагирале на нејзината одлука, да му се врати на Ешли, кој со години ја изневеруваше.
Но, освен тоа што таа сака да му се врати има во план и да го прошири семејството. Шерил сака да биде мајка, а Ешли го гледа како иден татко.
Шерил поминала една ноќ во нивниот поранешен заеднички дом, и веднаш им раскажала на своите другарки дека не сака да чека да наполни 30 години за да има деца.