Топ 10 најдобри спортисти на сите времиња

popara27 јуни, 20112min00
0

Можеби некој нема да се сложи со оваа листа, но изборот е направен на таков начин каде за мерило на рангираниот спортист се земаат во предвид следните атрибути, а тоа се: брзината, издржливоста, психичка стабилност, координацијата, елегантноста.

1. Michael Jordan


Најдобриот кошаркар на сите времиња се најде на првото место на листата. За него може да се каже дека ги има сите атрибути кои се горе навердени. Едноставно човекот плени со неговате грациозни и елегантни движења на паркетот, борбата со гравитацијата, психичка стабилност во најважните моменти на играта, и неговата издржливост и истрајност со една цел, а тоа е победа на неговиот тим.

2. Jim Thorpe


Овој спортист кој можеби на светско ниво и не е толку познат како Michael Jordan, но сепак неговиот придонес во модерниот спорт е голем. За Jim може да се каже дека успешно учествувал како професиналец во безбол лигата, дел од спортската кариера ја поминал и како професионален кошаркар и рагбист. Во 1912 година го освоил Олимпискиот медал во пентатлон и декатлон. Голем сестран играч но и човек.

3. Paavo Nurmi


Овој атлетичар има освоено 9 златни медали и 3 сребрени на Олимписките игри во 1920 и 1928 година. За него се вели дека е еден од најдобрите, ако не и најдобар олимпиец на сите времиња.

4. Muhammad Ali


За него се вели дека е најголемиот борец на сите времиња.  Ако бараме човек полн со сила, храброст, интелегенција и љубов, тогаш тоа со сигурност ќе го избереме Muhammad Ali.

5. Wayne Gretzky


Мал е бројот на спортисти кои едноставно доминирале во спортот. Еден од тие спортисти е “The One”. Големиот хокеар Wayne Gretzky . За него може да се каже дека го смени начинот на играње на хокеј. Тој во играта внесе експлозивност, брзина, итрина и ефикасност. Тој е исто така е познат и по својата хуманитарна посветеност.

6. Lance Armstrong


За него може да се каже дека е еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња. Иако имал рак на тестисите по мала пауза повторно се вратил на патеките освојувајќи многу награди. Повторно на 37 годишна возраст се вратил на патеките што кажува за неговата издржливост и желаба за побада и докажување. Тој е прав шампион.

7. Bo Jackson


Незаборавниот Bo, еден од најдобрите безбол играчи. Иако имал кратка кариера тој оставил големи бројки за себе.

Тој има погодено 141 home runs во 2300 натпревари, а вкупно во кариерата имал 500. За него велат дека имал брзина, визија, баланс и сила, еднаставно бил најдобар.

Неговата втора љубов било рагбито каде исто така професионално се натпреварувал.

8. Tiger Woods


Можеби најдобриот голфер на сите времиња, неговиот придонес за голфот е огромна. Можеби не се работи за физички спорт, но сепак е натпревасрување каде што се бара ограмна прецизност, смиреност и пред се посветеност. Tiger ги има сите овие епитети и затое е едена од најдобрите во својот спорт.

9. Michael Johnson


Атлетичар кој плени со неговата грациозност, беше чест да се гледа неговото трчање на олимписките игри. Се натпреваруваше во дисциплина 200 и 400 метри, и со сигурност е еден од најдобрите атлетичари во историјата на овј спорт.

10.  Roger Federer


Иако се уште игра во добра форма и со сигурност ќе го зголеми својот фонд на победи, тој важи за еден од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт. Неговата игра се карактеризира со елеганција, голема психичка контрола и компјутерска прецизност. Секогаш смирен и коректен према сите, плени со неговата појава и добрина. Во кариерата има освоено 16 Гренд слем титули, а на првото место на АТП листата се задржал цели 237 недели.

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma