Сега кога Кина се ослободи од канџите на злобниот вирус на корона, тие ја пренасочуваат својата енергија и умови кон чистење и дезинфекција на болниците, и се останато…
За да го направат ова, тие создадоа болнички робот во вредност од 40,000 американски долари, кој користи комбинација на УВ зраци и спреј за течно средство за дезинфекција за да ги убие патогените на вирусот. Како што дознаваме, овој робот има четири групи на ултравиолетови зраци кои убиваат вируси, заедно со пет распрскувачи кои не оставаат никаква трага зад себе. Лекциите што ги научија за време на пикот на болеста во Кина им паднаа многу тешко, па затоа не сакаат да остават ништо на случајноста.
Роботот за дезинфекција е висок 1,4 метри, чини 40.000 американски долари и беше дизајниран и произведен во Шангај од кинеската компанија „Keenon Robotics“. Тој е специјално дизајниран за борба против трагите од Ковид 19, а со оглед на прописите на Кина за борба против пандемијата, ќе мора да ја дезинфицира/чисти секоја територија двапати на ден.