Бидејќи ситуацијата во Велика Британија се влошува, таа добила се повеќе пораки од поранешни колеги во болницата каде што работела. Ова ја натерало да контактира со раководството на болницата и да им рече дека сака да се врати на работа.
Кој вели дека убавината и интелигенцијата не одат заедно? Баша Мукерје (24) има коефициент на интелигенција 146 и во 2019 година стана Мис Англија. Сепак, поради новата ситуација околу пандемијата, таа се врати во матичната земја за да продолжи со медицинска кариера, пренесува Си-Ен-Ен.
Тие била поканета да посети како амбасадор неколку земји каде требало да остане до август годинава бавејќи се со добротворна работа.
„Тие ме поканија во Африка, Турција, Индија, Пакистан и неколку други азиски земји да се посветам на добротворни работи за разни цели“, рече таа за Си-Ен-Ен.
Кога започна пандемијата, Баша била во Индија. Бидејќи ситуацијата во Велика Британија се влошила, таа добила се повеќе пораки од поранешни колеги во болницата каде што работела. Тие и се пожалиле за тешката состојба. Овие пораки, вели Баша, ја поттикнале да контактира со раководството на болницата и да им каже дека сака да се врати на работа.
Таа смета дека не е во ред да се носи круна, дури и ако тоа е за добротворни цели, додека луѓето ширум светот умираат од корона вирусот, додека нејзините колеги неуморно се борат.
„Додека сте вклучени во хуманитарна работа, сепак се очекува да облечете круна и да бидете убави. Сакав да си одам дома, сакав да се вратам на работа. Поради тоа ја заработив мојата диплома и кога е подобро време да го искористам тоа знаење отколку сега. Знаев дека можам да помогнам “, рече таа.
Баша се врати во Лондон оваа среда, а пред да се врати на работа како лекар, мора да помине две недели во самоизолација. Инаку, оваа привлечна девојка е специјализирана за респираторни заболувања.
„Никогаш немало подобро време за Мис Англија да и помогне на Англија низ овие тешки времиња“, заклучи Мис Англија.