Попладнево во северна Италија се сруши мостот „Албиано Магра“ над автопатот.
Мостот над реката Магра целосно го покри делот од автопатот. Се урна откако поминаа два камиони.
Двајца возачи на камиони се повредени. Едниот од нив се здобил со сериозни повреди, а другиот е пренесен во болница поради шок, јавуваат италијанските медиуми.
За среќа немало други жртви бидејки луѓето не се движат со своите автомобили поради епидемијата на корона вирусот.
Тој мост веќе долго време е на агендата за сериозни дискусии поради голем број пукнатини, но експертите тврделе дека структурата на зградата била стабилна.
Сличен инцидент се случи во Џенова каде загинаа 43 лица.
Голем број на минувачи објавија фотографии на своите профили на Твитер.