Олимпискиот комитет на Италија (CONI) објави дека на 56 годишна возраст од сериозно заболување на белите дробови предизвикано од коронавирусот, почина двојниот олимписки финалист во трката 800 метри.
Она што ја прави оваа тажна приказна уште потажна е дека таткото на спортистот, исто така, почина од Ковид-19 неколку дена пред неговиот син.
„Ова е трагедија во трагедија“, рече претседателот на „FIDAL, Алфио Џоми“, додавајќи:
„Донато беше човек кој не може да не го сакате“.
Донато Сабија почина откако беше на интензивна нега во болницата „Сан Карло“ во Потенца, во јужниот италијански регион Базилика, според „CONI“. Сабија беше петти на Олимписките игри во 1984 година во Лос Анџелес и седми во Сеул четири години подоцна. Тој беше Европски шампион во затворен простор, исто и на 800 метри, 1984 година.
Италијанската атлетска федерација (FIDAL) го опиша како „нереално талентиран спортист но, пред сè, нежна и прекрасна личност“.