Мишел Обама им се придружи на многу познати личности кои комуницираат со своите следбеници преку социјалните мрежи за да им го олеснат овој период на сите.
Во својот последен пост, таа сподели моќна порака и совети за тоа како да се надминат стравот и анксиозните состојби што се јавуваат кај луѓето.
„Последните неколку недели беа страшни, а тоа само по себе може да предизвика чувства на вознемиреност и депресија. Чувството страв не ништо невообичаено, ова е ситуација во која никогаш до сега не сме биле. Сакам да знаете дека не сте сами во ова, апсолутно сите се чувствуваме исто и имаме промени во расположението“, рече таа.
„Мене лично ми помагаат телефонски разговори со пријателите и дружењето со вас на Инстаграм. Обидете се да го регрутирате вашиот мозок и не размислувајте премногу за моменталната состојба. Поддршката сега е најважна и јас сум тука за да ви помогнам во надминувањето на оваа ситуација. Читајте книги, гледајте филмови, завршете го сето тоа за што сте немале време до сега. Сето ова ќе помине“, заклучи таа.