Лекарите во елитната болница во Ријад, кои ги лекуваат члрновите од кралското семејство, подготвуваат уште 500 легла за можно ненадејно зголемување на бројот на пациенти.
До 150 члена на саудиското кралско семејство, наводно, биле заразени со корона вирусот. Кралот Салман и неговиот син Мохамед бин Салман се во изолација за да избегнат ширење на заразата.
– Директивата е да бидеме подхотвени за ВИП пациенти од целата земја – рече еден извор, пренесува Дејли Мејл.
Тајмс пренесува дека во вторникот пристигнала предупредувачка порака за лекарите.
Салман (84) се изолирал во палатата во близина на Џед, додека принцот е изолиран на брегот на Црвеното Море.
За саусиските принцови, кои често патуваат низ Европа, се верува дека од таму и ја донеле заразата. Се проценува дека кралското семејство на Саудијците има околу 15,000 членови.
Принцот Фајсал бин Бандар бин Абдулазиз Ал Сауд, гувернер на Ријад, кој има околу 70 години, е на интензивна нега, пренесува Њујорк Тајмс.
Во Саудиска Арабија се заразени над 3.200 луѓе, а 44 лица починаа.