Три видови на корона вирус се шират низ целиот свет, а во САД беснее оригиналниот вид од Кина, откриле научниците од универзитетот Кембриџ.
Истражувачите ја мапирале генетската историја на инфекцијата од декември до март и откриле дека станува збор за 3 различни, но многу поврзани „гранки“ на вирусот.
Анализата покажа дека тип А, оригиналниот вид што се префрлил од панголин кај луѓето, не е најзастапен во Кина. Тие велат дека Кина е најмногу погодена од типот Б, кој беше во оптек на крајот на 2019 година.
Тип А може да се најде во Австралија и САД. Две третини од примероците од Америка покажуваат дека тие се случаи од типот А и се од Западниот брег, а не од Њујорк.
Доктор Питер Форстер открил дека Велика Британија е погодена од тип Б при што се потврдени две третини од случаите. Тип Б, исто така, доминира во Швајцарија, Германија, Франција, Белгија и Холандија.
Исто така, постои тип Ц, варијација на тип Б, кои се пришириле од Сингапур во Европа.
Научниците веруваат дека новиот корона вирус САРС-КоВ-2 постојано мутира за да го порази имунолошкиот систем ширум светот.
Она што е најчудно е што оригиналниот вид А се раширил на западниот брег на САД без воопшто да биде доминантен во Кина, иако таа азиска земја се смета за епицентар на инфекцијата.
Како што велат, и покрај тоа што и двата вида постоеле до јануари, кога првиот случај беше потврден во Америка, не значи дека тој пристигнал во таа земја порано и да не бил откриен. Сепак, засега, сите истражувања се од помал обем и не можат да се извлечат конкретни заклучоци.
Ова истражување доби големи критики затоа што анализира примероци од мал број пациенти, помалку од 200, вклучувајќи ги и првите случаи во Европа и САД.
Еден од методите што ги користеле научниците од Кембриџ за да се утврди движењето на вирусот бил да се следи праисториската миграција. Во меѓувреме, тие додадоа повеќе од 1.000 нови примероци на нивното истражување за да добијат поширока слика, но резултатите допрва треба да бидат објавени.
Мал дел бил објавен во списанието ПНАС и се наведува дека вирусот Ц е доминантен во Европа. Од друга страна, тип Б се шири побрзо.
Нивните тврдења се согласуваат со две други студии во кои се вели дека заразата во Њујорк потекнува од Европа, но исто така било откриено дека потекнува и од Кина.
Форстер верува дека во Кина, типот А мутирал во Б, но типот Ц, како подгрупа на Б, потекнува надвор од Кина. Засега е нејасно како типот Б можел да го потисне оригиналниот тип А. Тој полека мутира во Кина, но многу побрзо во другите земји, обидувајќи се да се прилагоди на новите домаќини.
Форстер напоменува дека неговата студија е направена на мал примерок, но објаснува дека тип А е најблизу до она што е пронајдено кај панголинот и е поврзан со Источна Азија и Американците кои живеат во Вухан.
Како заклучок, ваквото истражување во иднина може да помогне да се предвидат и идентификуваат идните потенцијални епидемии.