Брижит Макрон-“непримерни” модни изданија со кои првата дама ги замолкна критичарите!

popara13 април, 20205min00
брижит насловна

Брижит Макрон денеска слави 67 роденден. Откако стана прва дама на Франција, светот постојано и ги брои годините, особено кога е во прашање модата.

И додека нејзините најчести критичари коментираат дали нејзините модни комбинации одговараат на нејзината возраст, модниот свет и се поклонува затоа што таа со своите комбинации секогаш ги поместува границите.

Еве некои од комбинациите кои можат да наидат на двоен стандард. При една посета на Романија, Брижит се дружела со романската прва дама, Кармен Јоанис. И додека многумина паднаа на еден од нејзините кратки фустани без ракави, никој не ја споменал осум години помладата Кармен која исто така носела фустан над коленици, без ракави. Можеби најголемиот грев на Брижит е што секогаш изгледа сјајно.

Имено, француската прва дама никогаш не се облекла непримерно, односно спротивно на бонтонот или дрескодот на настаните на кои присуствувала. Секогаш ги почитувала обичаите и традицијата на земјите во кои патувала и никогаш не и се случил моден гаф.

Нејзиниот стил не треба да се стави под знак прашалник, туку застарените правила за облекување кои на жените по одредена возраст им забрануваат да изгледаат добро, сексипилно и да носат младешка облека.

А што воопшто претставува младешка облека? За многумина тоа се skinny фармерките кои Брижит обожава да ги носи во комбинација со некои фантастични сакоа. Според едно британско истражување, повеќето луѓе сметаат дека жените воопшто не би требало да носат фармерки по 53 година.

Малку лудо, ако земеме предвид дека фармерките се едни од најпопуларните женски парчиња, а на крајот на краиштата- тие се само уште еден модел на панталони.

Брижит не добива критики само на сметка на гардеробата која ја одбира. Се критикува и нејзиниот изглед. “Види и ги нозете, преслаба е за да носи толку кратки работи, не и одговараат…”,се само дел од коментарите кои често се вртат во круг. Од друга страна, кога некоја многу помлада позната жена носи краток фустан и покажува тенки нозе, баш никој нема да и упати ваква критика.

Француската прва дама ги игнорира, носи она што и одговара и во што се чувствува сјајно и секојдневно докажува дека годините не треба да се пречка за уживање во модата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag