Вирусот Корона не само што предизвикува треска, кашлица и респираторни проблеми, туку и невролошки проблеми како што се главоболка и вртоглавица, покажа новата студија на кинеските научници на пациенти во Вухан, а резултатите се објавени во JAMA Neurology.
Според овие резултати, третина од 214 пациенти што ги прегледале покажале знаци дека вирусот е влијае од нервниот систем, а претходно можевме да слушнеме дека многу случаи на пациенти кои страдаат од „Ковид-19“ го губат чувство за мирис и вкус.
Овие симптоми укажуваат на тоа дека и мозокот бил погоден на некој начин, според специјалистот за инфективни болести Бернд Салцбергер во Универзитетската болница во Регенсбург, но проценил дека „сè уште се тапка во место“.
Студијата од Вухан се заснова на медицинска историја, лабораториски наоди и радиолошки прегледи на 214 пациенти, а повеќе од една третина од пациентите (36,4 проценти) имале и невролошки проблеми.
Најчесто, тоа се вртоглавица и главоболка, а освен тоа, 12 луѓе го изгубиле чувството за вкус и 11 за мирис, додека шест пациенти настрадале од мозочен удар.
Кинеските научници, пак, велат дека не се сигурни дали овие симптоми се резултат на самата болест или се дел од реакцијата на телото на воспалителните процеси, пренесуваат медиумите.