Ги „фативме“ мажите! Еве кога изневеруваат и кога престануваат со привлекување на жени!

popara19 април, 20201min00
muskarac

Британската авторка Танит Кери ги истражувала фазите во животот на еден маж и открила на која возраст мажите најчесто доживеале некои големи животни пресвртници.

Кери, која ги темели своите истражувања на претходно спроведени студии, открила дека мажите најчесто ја губат невиноста на 15 години, но се повеќе сексуално активни на 29 години.

Повеќето мажи се венчаат на 32 години и интересно е што тие се главно први кои прогласуваат љубов во хетеросексуални односи. Во просек, мажите чекаат 88 дена да ја признаат љубовта спрема партнерот, додека жените чекаат до 134 дена за тоа, вели Кери, повикувајќи се на некои британски студии.

На 37 години, мажите се чувствуваат најзадоволно со себе (додека за жените тоа е на 34 години). Тоа задоволство не е поврзано со нивниот физички изглед, туку со она што го постигнале во животот. Кери објаснува дека повеќето од нив се ожениле, имаат деца и имаат свој дом.

На возраст од 40 години, мажите почнуваат да чувствуваат дека повеќе не се заинтересирани за спротивниот пол, станувајќи несигурни за нивниот физички изглед. Најголема шанса за извршување прељуба е 49 години. Тогаш тие најмногу изневеруваат, додека жените тоа го прават многу порано, на 28 години.

Студиите покажаа дека, сепак, жените ја губат физичката привлечност по 53 годишна возраст.

Ова, според „Дејли меил“, не значи дека машкиот „љубовен“ живот исчезнува по 53-годишна возраст. Напротив, сè повеќе мажи во 70-тите години тврдат дека сè уште уживаат во овие активности – дури седум на 10 испитаници го потврдиле ова, според британските истражувања.

Универзитет во Манчестер спроведе студија која покажува дека оваа активност не застанува за некои мажи дури и кога влегуваат во своите 90-ти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag