Илјадници Грци, навивачи на Паок од Солун излегоа синоќа да го прослават 94 роденден на клубот во време на полициски час, директно спротивставувајќи се на наредбите на државата. Во таа тепачка беа приведени десетици навивачи, но имаше и повредени на двете страни. Во Грција има повеќе од 2000 заразени, а владата мака мачи да излезе на крај со оваа пандемија. Дали ова од синоќа ќе се рефлектира и на здравствената ситуација поготово во Солун, ќе видиме во деновите што доаѓаат.